Steve Jobs на темата: Како се прави Маркетинг?

Apple.

Или уште подобро кажано, маркетингот на Apple под диригентската палка на Steve Jobs… пример којшто ретко кој може да му го фати теркот.

Како о, како ли го направија тоа?

Видеото кое што го има погоре содржи говор на Jobs пред неговите вработени во кој што го споделува неговото гледиште за што е тоа Маркетинг.

Главните атрибути на Apple како “јасност“ и “едноставност“ биле донесени назад во 1997 година кога Steve се враќа на чело на Apple.

Овие атрибути денес можеме да ги видиме пренесени низ се што прави оваа компанија. Од продуктите и продажните салони до нивната веб страна.

Еве го “сочниот“ дел:

– Маркетингот не е покажувањето на карактеристиките на продуктот

– Ние не правиме кутии за луѓето да си ја вршат работата.

Како што вели Jobs, маркетингот is all about пронаоѓање на тоа кои сме ние, која е нашата порака и што застапуваме …и потоа наоѓање на сите можни начини за да го искомуницираме тоа.

Луѓето сакаат да знаат кој си ти и кои се твоите вредности, на чија страна од приказната си.

На крајот ја споделува рекламата Think Different која што всушност ја пренесува основата на брендот Apple:

“Ние веруваме дека луѓето кои имаат страст/пасија можат да го променат светот на подобро…Можеби ќе треба да ја посетите некои од најдобрите casino in usa, само кликнете на линкот подолу. и тие луѓе кои што се доволно луди да мислат дека можат да го променат светот, се всушност и оние кои во тоа успеваат.“

Многу добрa основа на нивната Маркетинг Формула.