4те основни бенефити од креирање длабока врска со твојот клиент

1. Ќе му се допаднеш како личност

Доколку си проучувал/а однесувањето на луѓето т.е. социјална психологија сигурно знаеш дека ние луѓето сакаме да се дружиме и имаме интеракција со луѓе кои што се како нас. А бидејќи најомилена личност на светот сме си ние самите, секој што не потсеќа на нас по автоматизам ни се допаѓа.

2. Ќе започне да те гледа како кредибилитетна личност

Штом личноста не гледа како друга верзија на себеси, она што ќе му/и го пренесеме како искуство за решението на проблемот којшто се обидуваме да го решиме ќе биде третирано како вистина и мудрост.

3. Ќе ти верува

Штом го имаме второто погоре, кога ќе дојде време да му/и предложиме решение кое инволвира плаќање т.е. затворање на продажбата, факторот:” Дали ти си правиот човек кој може да ми помогне?” ќе биде одамна исклучен.

4. Ќе те почитува

Штом веќе си се зближил со човекот и забележал дека не си опасност за него а напротив си со исти/слични вредности веќе започнуваш да ја имаш и неговата почит. Не те перцепира како лигав продавач туку како советник, консиерж и пријател.

Главното прашање:

Како се прави ова?

За да ти го отсликам начинот подготвив кратко видео на кое што не само да ти кажам туку и ќе ти поакажам. (бесплатно се разбира)

Исто така доколку стигна до овде сигурно навистина те интересира уметноста на продажбата и останатите 5 елементи.

Corica officialИзминатиот период инвестирав време и енергија да создадам мини еКнига која ќе ги сподели овие 6 елементи и како секој од нас може да ги усоврши за да продава успешно и елегантно на секој којшто има потреба од неговите услуги и продукти.

Книгата за тебе ќе биде бесплатна доколку ми споделиш со мене на кој емаил да ти ја испратам. Нема да те спамирам бидејќи сигурно забележа до сега дека сум кул момак. 🙂

(Спам испраќаат само неискусни аматери.)

Внеси ја твојата емаил адреса во грдата формичка подолу, кликни на копчето “Submit“ и ќе бидеш зачленет во мојот круг на луѓе кои ќе ја добијат книгата бесплатно ПЛУС ќе те однесам на страната со видеото.


Email Marketing You Can Trust

Штом кликнеш “Submit“, автоматски ќе го видиш видеото!

Се гледаме на другата страна.

Кое е твоето мислење?