Како да го усовршиш првиот ЕЛЕМЕНТ на УСПЕШНА продажба

Јоцо Тодоровски
Јуни (и конечно се стопли времето)
2013

Здраво!

Во следниве неколку минути ќе те подучам како да елегантно да го користиш првиот елемент на продажба со кој ќе можеш:

  • Позитивно да ги магнетизираш луѓето;
  • Да направиш контекст во кој луѓетo ќе те гледаат како авторитет и ќе ти веруваат;
  • Да направиш да се почуствуваат како да те знаат цел живот ( и всушност гласно да ти речат: “Еј, се имаме ли сретнато претходно? Навистина се чуствувам како да се знаеме од порано!”)

Анализирајќи ги изминатите 7-8 години во активно работење на маркетинг и продажби, неодамна имав прилично добро соочување со реалноста.

Не знам точно во кој бизнис си ти и што работиш, меѓутоа денес, повеќе од било кога е вистинита следната фраза: Во бизнис, се започнува и завршува со продажба.

За да можеш да кажеш дека имаш бизнис треба да имаш продажби, за да можеш да направиш добар маркетинг треба да знаеш што ги мотивира луѓето да го купат твојот продукт или услуга. Последново ќе го дознаеш доколку отидеш и прво продадеш и се вклучиш во таа интеракција 1на1 со твојот купувач.

Мојата приказна со продажбата започнува уште од часевите по ОТП. Влатко (соученикот којшто седеше пред мене) беше кул момак на којшто не му одеше баш трпеливо да прави макети. Гледајќи како јас уживам да сечам лепам и креирам, предложи да му помогнам со неговата макета, а за возврат ќе добијам 20 денари за појадок.

Тогаш кај мене се оформи перцепција за лукративно помагање на луѓето.

Потоа започнав да им помагам и на другите. За возврат добивав гуми за бришење пенкало, моливи, пенкала, пари …

Но, се појави конкуренција. Кога видоа дека можеш да направиш богатство со она што го имаш како вештина 2-3ца започнаа исто така да нудат помош. Но, Влатко сакаше да работи само со мене и цената за моите услуги (која беше повисока од другите) воопшто не му сметаше.

Зошто?

Бидејќи низ сплет на околности, тотално не планирано успеав да го развијам еден од 6те најважни елементи за продажба:

Креирање на длабока емотивна и потсвесна врска со твојот клиент – Rapport

Неодамна, како што споменав на почетокот, го осознав следново:

Добар маркетинг не е воопшто значаен доколку човекот задолжен за продажба не може да продаде!

 “Јоцо, луѓето едноставно не сакаат да купат. Времето е кризно.“

Чекај малку. Човекот дојде на веб страната, се интересираше за решение за негов проблем, закажа термин кај тебе, дојде да се сретне со тебе и на крај излезе дека не сака да си го реши проблемот?

Имаме проблем со процесот за продажба пријателе.

  • Кога ќе се сретнеме со некој имаме 1/3 од секундата да направиме добар впечаток.
  • Следните 90 секунди се пресудни дали ќе имаме бизнис размена со тој човек или не.

Во продажба поврзувањето со човекот пред/до тебе е круцијалниот прв чекор и токму затоа најдобрите продавачи чии продажни стилови ги проучував во изминативе 2+ години, 40% од продажбата го фокусираат токму на ова.

Најдобриот дел од целото ова што овој елемент е всушност процес којшто лесно се учи, но треба да се практикува секојдневно за да се усоврши…

И еве како ти можеш да го научиш и примениш уште денес.

Кликни тука за следната страна(продолжува) —>

 

 

 

Кое е твоето мислење?

One thought on “Како да го усовршиш првиот ЕЛЕМЕНТ на УСПЕШНА продажба

Comments are closed.