[VIDEO] Маркетинг Формула со ТРИ ПОЗНАТИ која ќе ги инспирира луѓето да КУПУВААТ!

Изминатиот период научив прилично многу за маркетинг и како навистина се создава и пренесува правата порака за твојот продукт/услуга, до правата публика или “таргет“ и преку правиот медиум.

Видеото подолу во 18 минути ја отсликува маркетинг формулата за тоа како се креира маркетинг порака која ги инспирира луѓето да купуваат од тебе  – што сметам дека може да промени многу работи кај тебе и твоите колеги.

Стариот начин на правење маркетинг:

Ајде да направиме продукт, ајде сега да направиме “ура“ и сите да купат, ајде сега да ги озрачиме со јавувања, радио реклами, билборди и флаери сите што не купиле….ако тоа не успее ајде сега со токмак да ги маваме по глава сите додека не купат.

Ова беше супер за времето кога нај упорните или оние со најмногу пари успеваа да продадат…но тогаш проклетите американци го измислија интернетот и сега веќе се смени играта…

Новиот начин на правење маркетинг

(не знам дали е нов, нов ама за целите на овој текст ќе го наречеме нов):

“Еј ние сме тим од млади ентузијасти кои што веруваат дека за да успее човек, потребно е да изгради навика за дисциплинираност.

Секој ден вложуваме многу часови разговарајќи со успешни бизнисмени, спортисти, актери, психолози и научници за да го изнајдеме најкраткиот начин преку којшто еден човек може да го користи денот максимално дисциплинирано и да ги оствари своите цели.

Поради оваа наша страст и “опсесија“ во изминативе 2 години и 8 месеци дојдовме до навистина значајни информации и направивме преку 3.000 експерименти со цел да го откриеме решението за оваа загатка. Првичните резултати се моделирани и “спакувани“ во секојдневна алатка која што сакавме да ја имаш секогаш при рака и буквално да се носи во џеб.

Те покануваме да ја преземеш нашата нова Мобилна Апликација ИМЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА која што ќе те направи дисциплиниран ГЕНЕРАЛ на успехот! Кликни на овој лин: (ЛИНК)“

(тотално измислено е претходното 🙂 т.е. само за илустративни намени )

Еве ја формулата со ТРИТЕ познати:

1. ЗОШТО
– Што е она што тебе и твоите колеги ве вади од кревет наутро? Зошто баш таа фирма, таа индустрија? (знам дека во МК е малку испревртено и дека сме сите материјалисти…ама верувам дека таму некаде длабоко има поента зошто работиш маркетинг во банка наместо во софтверска компанија)

2. КАКО

– Покажи како страста/пасијата што ја чуствуваш за твојот бизнис ја пренесуваш врз продуктите/услугите и како тоа кореспондира со она што јас го сакам како потенцијален клиент.

3. ШТО

– Што е тоа што во крајна сметка го продаваш? Сигурно не е кругло лепче со парче месо и кашкавал во него. Како ти го гледаш и како јас треба да го гледам твојот продукт?

Искористи го ова!

Кај мене носи резултати…

 

Кое е твоето мислење?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *