Како клиентите да го ОБОЖАВААТ твојот бизнис! [VIDEO]

(Ова беше од мене оригинално објавено на ibrand.mk во Јули мината година ама сеуште си важи како добар пример 🙂 така што read on )

Пред 4 минути видов пост кој зборува за следново (ќе бидам енормно краток) :

Сопругата на господинот кој подолу ќе ја раскаже приказната преку видео оди на одмор со своите деца во Ritz-Carlton хотел.

Едно од децата си ја заборава жирафата.

Татково, за да го смири и приспие му вели дека неговото крзнено пријателче само сакало неколку дена одмор плус и дека ќе се врати.

Контактираат со хотелот каде што им кажале дека го нашле жирафчето, а татково споделува со нив која приказна му ја продал на синчето и бара од нив да направат нешто за да ја докажат приказната.

Луѓето од таму се согласуваат и по неколку дена му праќаат пакет во којшто има неколку бонуси, документација за одморот на жирафчето и плус жирафчето.

Или поточно:

Жирафчето се релаксира покрај базенот:

Жирафчето на масажа:

Жирафчето како шофер:

Жирафчето назначено како одговорен преставник за превенција на изгубени работи:

Жирафчето во лоби со пријатели:

Еве го видеото:

Единственото прашање што потекнува е каков план имаме ние за да дадеме третман за да ги ФАСЦИНИРАМЕ клиентите, да не препорачуваат на илјадници (како примерот погоре веќе видеото е видено над 15.000 пати) и со тоа да ПРИВЛЕЧЕМЕ нови?

Еве го оригиналниот пост, којшто ќе го видат илјадници луѓе деновиве. Ritz-Carlton трие раце сега, а и треба 🙂

Кликни тука за да го “твитнеш”овоj пост сега.

Кое е твоето мислење?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *