Како да совладаш НОВА вештина во 5 чекори дури и кога мразиш да учиш

2014-11-Life-of-Pix-free-stock-photos-coffee-work-computer-table-leeroy

Имаше една работа што многу ме нервираше во средно.

Тоа продолжи и на факултет.

Секогаш кога се отвараше тема за таа работа, запаѓав во некоја невоља со наставници, педагози, декани и други со слични називи.

Таа “работа” е всушност прашање.

Еве го:

“Зошто бе не седнете и направите предавања за како всушност треба да учиме за да можеме да го совладеме целиот материјал во програмата?”

– Во смисла на техники.
– Во смисла на стратегии.
– Во смисла на алатки.

И не е ова само амерички булшит.

Реално, ова е суштината.

Моменталниот образовен процес се темели на:

Научиш да читаш —> оди и бори се за 5, 10 оценка

Тоа е тоа. Готово. Ти си.

Проблемот со ова е како да учиш аикидо каде што те фрлаат како салфетка насекаде, а ти да не знаеш како да паѓаш.

Ок, можеби тапа пример, еве ти друг:

Ова ти е како да научиш да цепиш дрва дома во двор и после тоа да треба да отидеш и работиш како дрвосечач со таа секира без да ти кажат дека има и пила, камион и сл. (подобро? 🙂 )

Откако видов дека нема смисла да ги прашувам, решив сам да се потрудам да го решам ребусот.

После неколку курсеви за брзо читање, подобрување на меморијата, техники на учење и експериментирање…. дојдов до системот којшто сметам дека на сите ни треба.

Сега ќе го споделам со тебе т.е. ќе те научам да учиш.

Ќе ти помогне да:

  • Учиш нови работи на начин на којшто ќе се чувствуваш способен/а да ги користиш
  • Да гледаш стратешки на учењето на нови вештини
  • Да можеш брзо да дојдеш до подготвеност за подобри резултати
  • Да си ги поставуваш правилните прашања кога треба да добиеш нова вештина
  • Како да престанеш да “читаш” книги и да започнеш да ги “џвакаш”

Пред да ја споделам “рецептата” или системот со тебе, сакам само да додадам дека го пишувам ова како резултат на конверзацијата што ја имав со една девојка од Маркетинг Компас.

Еве го емаилот што го добив, т.е. извадокот којшто сметам дека е клучен:

email

Доколку и ти се соочуваш со истиот предизвик…

Еве го мојот систем:

1. Читај

Овој чекор опфаќа проучување на книгите за одредена област како и активно читање (во спринтови) на материјалот во нив.

2. Моделирај

Овој чекор опфаќа следење на луѓето кои што се искусни во областа.

Во овој дел влегуваат сите аудио или видео материјали.

Во овој чекор ми е важно да видам што луѓето со таа вештина физички прават, што мислат и по која секвенца ги прават активностите од таа вештина.

Еве што споделив со девојката во нејзиниот случај за elevator pitch за моделирањето:

“Во превод, ова значи гледај што прават не само што пишуваат.

За да отсликам поточно, во твојов случај јас би го направил следново:

Чекор 1: Одиш на www.google.com

Чекор 2: Пишуваш The best shark tank pitches

Чекор 3: Ги гледаш и ги моделираш нивните пристапи ставајќи на хартија што прават прво што второ што трето и сл.”

3. Прави

Ова е делот каде што сам го правам она што сум го читал и гледал. Експерименти и тестови во кои што не барам од прва да успеам туку барам да напредувам и да бидам инволвиран во процесот.

4. Подобри

Ова е делот во којшто сакам да подобрам она што сметам дека ми недостига во целата работа. Ова значи навраќање на книгите и видата како и специфично истражување само за тоа што ми недостига.

5. Сподели

Ова е делот каде што го споделувам стекнатото знаење или прогрес во целата работа. Има некоја специјална магија во споделување на знаењето, бидејќи кога се обидуваш да објасниш некому што знаеш, откриваш дополнителни заклучоци и учиш уште повеќе.

*Доколку имаш прашање за било кој од чекорите, пиши ми во коментар, ќе објаснам.

Како да и ја “извадиме маста” на 2014та?

2014ta masta

Овој пост беше напишан и испратен неодамна, до луѓето кои што се во мојата инсајдерска група на 45MinutesMarketing.com и на jocotodorovski.com. Доколку сакаш да ги добиваш моите пробани тактики и рецепти за маркетинг, лансирање на продукт и “како да ги направиш првите 500 евра” кликни
тука и сподели ja твојata најдобарa емаил aдреса

Здраво!

Како си денес?

Пред некој ден го напишав ова подолу со цел да те прашам:

Што ќе направиш годинава подобро/поразлично, за да добиеш повеќе?

Искрено, неодамна пишав кај мене на facebook дека луѓето повеќе време трошат да испланираат летен одмор, отколку да си го испланираат животот.

Таткоми е стечаец и работи како амал секој ден, мајками е медицинска сестра со 300 евра плата. Од наследство имаме семејна куќа на која што и треба ремонт, и една викендица пред распаѓање од пра-дедоми на едно брдо во село под солунска глава.

Како што можеш да видиш, треба да направам нешто поразлично за да заработам повеќе во животов. 🙂

Ок, во 2013 се случија многу работи кај мене на приватен и професионален план.

После долг и прилично турбулентен период кој се провлекуваше низ 2012 и првите 3 четвртини од 2013, кај мене почна да изгрева сонце.

Решив да ја посветам 2014 на 3 работи: Domination, Mastery и Legacy.

Наместо поставување на (само) цели, сакав да направам нешто што ќе биде катализатор на успехот т.е. достигнување на овие цели. (Затоа што не знам дали имаш забележано, но времето лета како лудо и се осеќам дека утре ќе се разбудиме и веќе ќе бидеме стари и во последниот пубертет)

За Целите…

Да си бидеме реални, поставувањето на цели… не секогаш води до нивно достигнување.

Погледнувајќи кон 2013 видов многу работи кои што не ги остварив.

Затоа решив да го најдам катализаторот….и го најдов.

Од пред неколку години научив дека животот се заснова на 3 големи дела:

Љубов/Емоции + Богатство + Здравје

Првото нешто што го направив додека летав накај Белгија за дочек на Нова Година е да видам што убаво ми се случило во овие полиња во 2013, што не ми се случило и што ново сакам да ми се случи во 2014.

Ова го направив со цел да знам што да подобрам, што да исфрлам и што да вклучам во 2014.

Но, сеуште ми фалеше нештото, т.е. катализаторот.

За Катализаторот…

Се вративме назад од Белгија и решив малку да се навратам на сите работи што ги проучував порано за психологија, социјано однесување кон успехот, страст, пасија…

И ми текна.

Реално мене повеќе ме возбудува ПРОЦЕСОТ т.е. патешествието до достигнувањето на ЦЕЛТА, отколку самата цел.

Ок, целта исто така ме возбудува но, моментите на: кој ќе сретнам, запознаам, усреќам, што се ќе загубам/добијам/научам, со кого ќе соработувам… за мене реално се повредни и по предизвикувачки за да бидам дисциплиниран.

Затоа, овојпат на целите кои што ги имам за 2014 ставив и по неколку пропратни “станици”, кои што ќе бидат исто така важен дел од достигнувањето на целта – што сами по себе ќе ме тераат секојдневно да правам по еден мал чекор кон достигнувањето на целта.

Доказ дека овој “катализатор” носи резултати…

Еве реален случај, во 2014 ставив дека она што го правев како хоби во 2013 та, ќе го официјализирам како пракса и дополнителен микро бизнис во 2014 – поради тоа што се повеќе и повеќе луѓе ме консултираат за совет и сакаат да ги обучам за некоја област.

Во 2013та, ДИРЕКТНО менторирав и обучував (настрана од клиентите/компаниите што ги имам редовно) 2ца млади луѓе како да започнат бизнис/да заработуваат повеќе [И двајцата се со незавршен факултет, 23 години ] и 10 души како да продаваат подобро – користејќи ја мојата формула/рецепта за продажба.

Исто така во 2013та, ИНДИРЕКТНО подучував близу 400 луѓе месечно за Маркетинг, Продажба и “Како да ги напрaвам првите пари” т.е. да започнам бизнис.

Затоа во 2014та сакав да работам на оваа моја пасија поради Domination, Mastery и Legacy – како што кажав горе.

Откако одредив колку луѓе сакам да обучам (оnline и offline) во трите програми за:

– Систем за Магнетна Продажба

– Ultimate Маркетинг Формули

– “Како да ги направам првите 500 евра” т.е. Системски План за Правење Бизнис

Одредив и што треба да се случува:

– Секој месец

– Секоја седмица

– Секој ден

За да бидам:

– Се подобар и подобар во она што го споделувам преку програмите

– Да имам се позадоволни “студенти”

– Да имам се поголем и поголем извор на профит

Овој процес за програмата Ultimate Marketing Formulas, го направив некаде на 10ти Јануари.

Сега кога го пишувам ова е 30 Јануари и неодамна направив нешто кое што беше зацртано со процесот: Да оспособам дел од домот за изведување на приватни сесии со студентите.

И еве во што инвестирав:

Online Marketing

Профи а? 🙂

Уште една убава новост е дека првите студенти (offline, но и online), доаѓаат викендов и во среда, следната седмица 🙂

За тебе…

Сево ова погоре е доказ дека се зависи од тоа како гледаме и мислиме за работите што води до резултати…, а се работи за мала промена во начинот на којшто мислиш и работиш.

Значи, на почеток за да тестираш води, само започнување во “Гето Стил”, без “фенсирање”, без глумење лудило…”му е мајката” 🙂

Think Big, Start Small.

Ама навистина START! 🙂 (btw, можам да изнајмам просторија веднаш и да се правам голем експерт, но не ми е тоа целта, ниту имам многу време. Целта е само да создадам дополнителен начин за Domination, Mastery и Legacy + извор на пари)

Те поттикнувам и ТИ да го направиш ова.

Види, не знам во која ситуација си во моментов, но сигурен сум дека можеш да го направиш истото и за тебе.

Ова се’ погоре што го споделив за мене и она што го правам…не е поради тоа што сакам да се чаламам, туку само се користам како “лабараториски” пример со цел да ти покажам дека кога дете од факинг камено брдо (така се вика областа каде што сум роден во Велес) може да заработува достојно, можеш и ТИ.

ПЛУС, целото ова погоре го напишав за да има каде да ги насочам сите оние што сакаат да направат бизнис кој ќе им носи 100.000 евра, а уште немаат заработено ни 1 евро од продуктот или услугата на кој ќе се темели нивниот бизнис.

Не барај поддршка, не барај да те разберат, туку само оди и ПРАВИ!

А сега од почеток: Што ќе направиш поразлично во остатокот од оваа 2014та година?

Не мисли за другите што ќе речат, чунки:

Makers gonna Make, Haters gonna Hate! 🙂

Јоцo

п.с. Доколку ти треба дополнителна “шема” т.е. патоказ како да го изработиш ова, пиши ми на joco@marketingdominacija.com за да ти пратам едно документче врз кое што ќе можеш да работиш на остатокот од твојата 2014та година. 🙂

п.п.с Кликни ТУКА, за да видиш што велат дел од дечките кои што употребиле дел од моите “рецепти”.

п.п.п.с Да….. правам натпревар во оставање на “п.с.”пораки :)))))

п.п.п.п.с Победив :)))

Што Даниел Кајмакоски може да не научи за Маркетинг, Продажба, Претприемништво и Успех

Даниел Кајмакоски

Еден покоен професор по физика (или беше наставникот по ликовно од 1во до 4то…ај сега, ме замисли…)

…велеше дека жалосно е што кога гледаме филм или било каква забава на ТВ го користиме само како адреналински или емотивен фикс, наместо да прокопаме подлабоко за да видиме позади убаво спакуваната приказна и да дознаеме што ние можеме во нашиот живот да примениме/подобриме од целото тоа.

Ако ме познаваш, знаеш дека сум фрик за моделирање и откривање на формулата/рецептата како нешто успеало и дошло до таму каде што е.

Последно што ми привлече внимание е Даниел-чо Кајмаковски.

Кул момак, не сум фан за сега, но ме заинтересира моментот како веднаш има коментари од младите дека, ете одиш на едно шоу и пау, стануваш познат и признат.

Читај ми од усни: НЕМА – ГРЕШКА! (Еве ти и на “француски” БУЛ-ФАКИНГ-ШИТ!)

Уште една поента пред да поминам на главното.

Често се ложиме на Ричард Бренсон и останати фаци кои што имаат милиони во моментов и ги читаме нивните поуки но, приказната кога биле на почетоците и емоциите се сосема други од денешницата и денешната перспектива.

Затоа, често препорачувам да проучуваме луѓе кои што се уште на почетокот на “нагорнината” и да моделираме што тие прават затоа што многу лесно можеме да се поврземе.

Добри сме до тука?

Супер, гледај сега што можеме да научиме од Даниел: (уште ова: Не го знам директно, нити некогаш сум го видел некаде, ова е само моја опсервација на дел од она што можам да го видам изминативе месеци)

1. Упорност, Пот и Голтање прашина

10 та година труд! Од 2006та година, колку што можам да видам, човекот се труди да пробие лед.

(Даниел во видео од 2006та)

Ако направиш едно пребарување, или неколку со варијации на неговото име на YouTube, ќе видиш различни видеа од Даниел.

Значи од објавување на видеа, до пеење во двор, до аудиции каде што може да стаса, дечково се трудел.

Секој пат кога ќе пробаш нешто ЕДНАШ и ќе кажеш “НЕ ЈА БИВА”, секогаш кога ќе отидеш кај еден клиент и нема да купи, секогаш кога ќе испратиш едно CV за работа и не ти пишат….не се заклучувај дома и не лежи под јорган.

Никој ништо не ти должи, стани, истреси се и идеме од ново.

2. Итерација – Падни па врати се подобар

Пеел во Бугарија, Македонија, Виена и каде се не знам… и не ја бивало.

Еве го сега на адрија со далеку по изграден стил.

Не запрел во со пеењето во дворот. Вежбал и се спремал за следното.

Гадно е кога ќе ти речат “не фала” нели?

Имаш две опции, или да отидеш и да кукаш или да држиш Чак Норис фаца и да речеш “зошто?”.

Второто е Г точката. Добиваш фидбек и одиш пак во “гаража” за да доработиш базирано на фидбекот.

Не купи клиентот овој пат, не те викнаа на интервју, не ти дадоа пари за бизнис идејата…супер, врати се чекор наназад и реосмисли/подобри го она што си го направил, за да пробаш/додадеш нешто ново и одиме утре пак.

3. Работи на талентот т.е. она што го правиш и начинот на којшто го правиш

Ако ги видиш видеата што ги имам закачено низ текстов ќе ја видиш несигурноста и необработеноста. Погледни го првото видео на Х фактор Адија, погледни го последниот настап каде што ја пее Чија си.

Само малку треба да ги видиш сите ситници и финеси. Тоа не паѓа од небо, туку се добива со работа.

Колку време инвестираш дневно за да подобриш начин на говорење, продавање, учење нови техники, учење нови пристапи, читање најнови книги од индустријата, проучување биографии на луѓе од кои што шеруваш мисли на фб?

Колку од тие информации што ги примаш, одиш и ги пробуваш дневно?

Ти, јас и било кој сме продукт кој што секојдневно се менува. Или земи се себеси во раце и почни да се обликуваш или средината ќе го направи тоа.

Гледај на талентот твој или стилот како “work in progress” и секој ден додавај нешто ново.

Биди лудиот научник кој работи на најважниот проект: ТИ!

4. Најди работа што ќе ти носи пари за да се издржуваш, додека работиш на талентот

Не бивало со музиката. Фак ит, бугарите рекле не, македонците не се палеле на “нежна ко принцеза”, авалон не го земале да напише нова песна за Каролинчето (или да направат дует…)…кул.

Треба да се јаде денеска.

Си нашол работа во градежна фирма.

А ти? А јас?

Не те примале во Т Мобиле, ЕВН и ВИП или некоја друга компанија, заедно со неколкуте добри помали компании во МК?

Не ти успеала идејата да направиш бизнис, не носиш доволно продажби за процентот да те издржува?

Супер! Следно? – Прочитај ја точка два погоре.

А во меѓувреме празен е фрижидерот?

Тргај и во ресторани, градежни фирми, Грција, УСА или пиши и на Нонето и оди на брод, додека аплицираш за работа.

Купи си тегла и напиши со маркер на неa “СРАМ” и остави ја во подрум или во фрижидер т.е. дома.

Оди сега надвор и донеси пари.

5. Ако не те пуштаат на главен влез, оди дома исплачи се и јади сладолед или Нутела и после пробај од споредниот влез.

Пеел што пеел ама не се потпалил оганот. Пробал со пишување на текст за музика. И напишал песна на Каролина.

Уште една работа што ја збогатува сликата за него сега кога веќе е под Х фактор рефлекторите.

Класична диверзификација кога станува збор за маркетинг, претприемништво или успех. Ако не те пушта секретарката да дојдеш до директорот, следниот пат кажи дека си водоинсталатер.

Ти се случило да не сакаат да купат од тебе кафез за папагали, бидејќи веќе имаат извор од каде што си ги набавуваат тие работи?

И на мене.

Она што истиктивно правиме е да пишеме крст на таа зделка.

Чекај, што ако можеме да им продадеме просо за папагали прво?

Што ако можееме да им продадеме нешто што “се бара” моментално или за кое немаат извор, за потоа да ги убедиме…. кога веќе купуваат просо од нас – да купат и кафез?

Смарт а? Ду ит!

6. Ако не бива во горно село, пробај во долно село. Фак ит, пробај во сите села наоколу!

(Даниел во Бугарско Талент Шоу)

Пробал Бугарија…нема пожар.
Пробал Македонија…нема пожар. – Благодарение на синот на омилениот Драган Вучиќ го дознавме и ова.
Пробал Србија и Х фактор, Пау! Нешто гори!

Не можеш да најдеш работа во Скопје, пробај Битола.
Не можеш да го продадеш продуктот во Битола, пробај во Охрид.
Не можеш да ја реализираш претприемничката идеја во Македонија, аплицирај на се живо и диво од стартап програми во Италија, Бугарија, Грција, Германија…

Границите се само во нашата глава и булшит изговорите со кои што се хипнотизираме секој ден. И да, жртвување ќе има. Но, одреди што сакаш и застани зад тоа. Да не го правиш истиот муабет како татко ти после неколку години: “Абе јас на времето можев ова, можев она ама…” (истото важи и за мене и за мојот татко, без гајле!)

7. Правењето е подобро од зборувањето. Правење + зборување…охо, тука е јакото.

Youtube, Twitter, Facebook и сите дневни зомбија кои што го цицаат нашето внимание, носат и добро т.е. може од зомбија да се пренасочат во добри вили и “благодетни оружја”. (за овој дел, практични и бесплатни видеа од мене можеш да најдеш на www.45minutesmarketing.com , посети ја страната штом го прочиташ текстот до крај)

Не можам да потврдам дека Даниел го правел ова добро, ама знам дека сега веќе ќе го прави и затоа уште од фрижидер што не излегуваат информации за него.

Може си добар и многу добро знаеш да…[внеси си вештина] но, ништо тоа не значи додека не почнеш да ја брануваш водата за да може да им го поттурнеш бродот на оние кои што можат да платат за она што го можеш.

Помогни на еден човек оваа недела, следната на друг со она што го знаеш, па направи блог, објавувај видеа на YouTube, помагај на Facebook, зборувај на SoundCloud… покажи дека знаеш нешто и дека си поразличен/а од другите.

О, да! Не е лесно. А кој ти кажа дека ќе биде?

8. На сите ни треба ментор и тренер

За тоа дека многу убаво си пеел по дома Даниел, не дознавме низ годините.

Дека бил во БГ на талент шоу и дека некој го зел под крило, не разбравме.

После фестивалот во Македонија, немало нежна принцеза за да му ги каже “финтите” на индустријата.

Сега сме на Х фактор и “Лане Мое”, според форматот на шоуто, треба да направи “бог и батина” од приказната и талентот на Даниел за да може да успее неговиот играч.

Колку што знам, слична приказна имаше и за покоен Тоше.

Исто е во спортот (и бтв во било која друга професија и дисциплина) Роналдо, Моналдо и други спортисти имаат тренери….успешни бизнисмени имаат бизнис и психолошки тренери…некој од страна којшто ќе ги бодри, ќе ги предизвикува, ќе ги кара и ќе ги насочува.

Кој го имаш ти? Ако немаш некој, најди уште денес.

Сигурно знаеш некој што знае некој којшто успеал или со помош на интернетот, можеш и виртуелно или фиктивно за почеток да имаш и најдеш коучинг програми или книги.

Како ти звучи ова?

Не те познавам, но ако си на пат да најдеш работа, да направиш бизнис или да продадеш/промовираш нешто, погледни ги уште еднаш сите работи погоре и види што можеш да искористиш во твојот пристап и живот.

Не се давај и стегни задникот! Успех преку ноќ има, откако ќе поминат неколку години од упорна работа.

Работи на своето, бидејќи во спротивно ќе бидеш осуден да работиш за некој и неговото.

ПЛУС: Поддржи го Даниел гласајќи за него и следи го неговиот успех за да “хакнеш” што можеш ти да примениш кај тебе.

Поздрав,

Јоцо

п.с. Сакаш ВИДЕА со повеќе вакви приказни за успешни млади луѓе од МК кои се на “нагорнина” во моментов?

Кликни на големите букви под оваа реченица за да ми кажеш на кој емаил да ти го испратам првото видеото:

“Видео: Запознај ги…”

Претпоставката е мајка на сите Fuck – Ups (Проверено)

Неодамна го направив краткото видео подолу за да те потсетам за нешто кое што сите често го забораваме.
Тоа што ние го знаеме за…. како проблемот на потенцијалниот клиент ќе биде решен со продуктот/услугата што ја нудиме, не значи дека и клиентот по автоматизам го знае. Кое е твоето размислување?

 

 

Доколку работиш продажба, маркетинг или пак имаш свој бизнис можеби ќе те интересира и овој мини туторијал:
(click на линкот)

 

 

 

Како да го усовршиш првиот ЕЛЕМЕНТ на УСПЕШНА продажба

Јоцо Тодоровски
Јуни (и конечно се стопли времето)
2013

Здраво!

Во следниве неколку минути ќе те подучам како да елегантно да го користиш првиот елемент на продажба со кој ќе можеш:

  • Позитивно да ги магнетизираш луѓето;
  • Да направиш контекст во кој луѓетo ќе те гледаат како авторитет и ќе ти веруваат;
  • Да направиш да се почуствуваат како да те знаат цел живот ( и всушност гласно да ти речат: “Еј, се имаме ли сретнато претходно? Навистина се чуствувам како да се знаеме од порано!”)

Анализирајќи ги изминатите 7-8 години во активно работење на маркетинг и продажби, неодамна имав прилично добро соочување со реалноста.

Не знам точно во кој бизнис си ти и што работиш, меѓутоа денес, повеќе од било кога е вистинита следната фраза: Во бизнис, се започнува и завршува со продажба.

За да можеш да кажеш дека имаш бизнис треба да имаш продажби, за да можеш да направиш добар маркетинг треба да знаеш што ги мотивира луѓето да го купат твојот продукт или услуга. Последново ќе го дознаеш доколку отидеш и прво продадеш и се вклучиш во таа интеракција 1на1 со твојот купувач.

Мојата приказна со продажбата започнува уште од часевите по ОТП. Влатко (соученикот којшто седеше пред мене) беше кул момак на којшто не му одеше баш трпеливо да прави макети. Гледајќи како јас уживам да сечам лепам и креирам, предложи да му помогнам со неговата макета, а за возврат ќе добијам 20 денари за појадок.

Тогаш кај мене се оформи перцепција за лукративно помагање на луѓето.

Потоа започнав да им помагам и на другите. За возврат добивав гуми за бришење пенкало, моливи, пенкала, пари …

Но, се појави конкуренција. Кога видоа дека можеш да направиш богатство со она што го имаш како вештина 2-3ца започнаа исто така да нудат помош. Но, Влатко сакаше да работи само со мене и цената за моите услуги (која беше повисока од другите) воопшто не му сметаше.

Зошто?

Бидејќи низ сплет на околности, тотално не планирано успеав да го развијам еден од 6те најважни елементи за продажба:

Креирање на длабока емотивна и потсвесна врска со твојот клиент – Rapport

Неодамна, како што споменав на почетокот, го осознав следново:

Добар маркетинг не е воопшто значаен доколку човекот задолжен за продажба не може да продаде!

 “Јоцо, луѓето едноставно не сакаат да купат. Времето е кризно.“

Чекај малку. Човекот дојде на веб страната, се интересираше за решение за негов проблем, закажа термин кај тебе, дојде да се сретне со тебе и на крај излезе дека не сака да си го реши проблемот?

Имаме проблем со процесот за продажба пријателе.

  • Кога ќе се сретнеме со некој имаме 1/3 од секундата да направиме добар впечаток.
  • Следните 90 секунди се пресудни дали ќе имаме бизнис размена со тој човек или не.

Во продажба поврзувањето со човекот пред/до тебе е круцијалниот прв чекор и токму затоа најдобрите продавачи чии продажни стилови ги проучував во изминативе 2+ години, 40% од продажбата го фокусираат токму на ова.

Најдобриот дел од целото ова што овој елемент е всушност процес којшто лесно се учи, но треба да се практикува секојдневно за да се усоврши…

И еве како ти можеш да го научиш и примениш уште денес.

Кликни тука за следната страна(продолжува) —>

 

 

 

[Епизода 3] 45 Мин. Маркетинг за патот: Од “Dreamer” до “Doer”

promo

Јоцо Тодоровски
Неделеа, 11:оо h
Близу до прозорецот на дневната соба

Како што веќе гледаш од насловот во новата, епизода 3 одиме на од сонување до правење http://youtu.be/LjZzS20QLrE

Еве за што зборувавме:

– Кој ни пишал и што ни кажал?;
– Откриваме која е Темата и лични искуства околу неа – лични приказни;
– Нед открива ДВЕ маркетинг новини;
– Нед открива ДВЕ ИДЕИ за микро бизнис кои што можеш да ги почнеш уште ДЕНЕС!
– Јас се осврнувам на психолошкиот момент зошто ние младите НЕ преземаме акција и како да го решиме тој ребус;
– Откривам ФОРМУЛА од 4 чекори за започнување на микро бизнис УШТЕ ДЕНЕС, без трошоци, без отварање на компанија и без лигавење колку е тешко;
– Нед дава insight од книга, каде што зборува за како да станеш ПРОФИ во некоја област т.е. што треба да поминеш за до таму.
– На крај повикуваме на АКЦИЈА, затвори го компјутерот и оди работи на твојата идеја ДЕНЕС, макар 5 минути.

Како што гледаш, долу има like мајк копчиња кои што треба да ги искористиш за да го споделиш видеото погоре, макар со еден пријател или пријателка. Фала ти!

Јоцо Тодоровски
45 минутер 🙂

[Епизода 2] 45 Мин. Маркетинг за Наоѓање Работа со Маркетинг Техники

Epizoda 2 45minutes marketing

Ете бидна и втората средба со мене и Нед.

Еве за што зборувавме:

– Во почетокот ги споменавме оние кои ни дадоа фидбек за она што го виделе во Епизода 1 ;

– Нед веднаш сподели друг пристап за наоѓање работа наместо стандардното CV и Мотивационо писмо;

– Го прашав потоа каква е неговата приказна околу наоѓањето работа каде што откри прилично интересни моменти како размислувал и како постапил кога сакал да направи повеќе пари;

– Потоа јас ја споделувам мојата приказна;

– На крај споделувам 2 многу делотворни маркетинг пристапи/тактики за наоѓање работа:

А. Тактика “FedEx“

Б. Тактика “10ка“

Зборувавме малку и за на Нед ламбата во позадина и значењето на сценографијата за нашите епизоди :)))

Погледни ја и би ни било многу драго ако ја споделиш со ЕДЕН твој пријател или пријателка.

Само напред,

Јоцо

45 Минути Маркетинг за….

post thumbnail

тебе и за нас 🙂

Со Нед започнавме online дружење со цел да споделиме она што кај нас функционира професионални приватно на темите:

– Маркетинг

– Психологија

– Продажба

– Бизнис/Претприемништво

– Заработка, Пари

– Лична Надоградба

– Mindset (Или како што јас сакам да го преведам ова: Матрица на размислување)

и тн.

Во првите 40на минути правиме мал осврт на што ќе се случува во иднина.

Ако ти се здосадија сите голи задници на твојот Home feed на Facebook и ти е доста од труењето на медиумите дека животот е многу тежок, инвестициите само што не пристигнале + дека Армагедонот е многу близу… придружи ни се.

Enjoy!

IKEA – Еве која е нивната Маркетинг Формула за привлекување на купувачи!

Јоцо Тодоровски
Сабота, 19:00 h
Дневна соба на мои пријатели

Здраво!

Уште пред да се вратам активно на блог, си ветив дека морам да споделам како ИКЕА го прави тоа во Маркетинг сферата.

Од Claude Hopkins, научив дека маркетингот не е играње лото, односно дека во маркетинг како и секоја друга наука преку тестирање може да се дојде до системи и формули кои функционираат – за потоа многукратно да бидат аплицирани и употребувани.

БОНУС: Пред 2 месеци започнав еднаш неделно, [бесплатно] да испраќам ваков тип на информации директно на email. Кликни тука за да се зачлениш!

Истото верувам дека се случува и со големите компании кои продаваат франшиза на локални пазари. Тие веќе знаат како функционираат работите во нивната индустрија и кога освојуваат нови пазари имаат готови решенија кои само ги аплицираат – било тоа да е во сферата на маркетинг, менаџирање на ресурси, физички изглед на објекти, корпоративна култура итн.

Мене, а верувам и тебе, не интересира маркетингот!

Последниот пат кога бев во ИКЕА во Софија, запишав на телефонот детали кои што сметам дека се добри маркетинг “финти“ што можам да ги употребам кај мене или кај моите клиенти.

Денес, повторно бев таму со цел да видам како ги движат работите и дали има нови детали.

И…имаше…

(…дури имав и мала незгода :/ за која што ќе ти кажам на крај…)

Последниве две години голема страст ми е моделирање на успешни примери на маркетинг т.е. кога гледам дека нешто функционира, сакам да дојдам до формулата – основата и кои сегменти можам јас да ги применам во мојата работа.

Маркетинг формулата на ИКЕА

ПДТ х ( АЧС + ДПП + РПП) = П

ПДТ – Правилно Дефиниран Таргет (Таргет = Група на луѓе која што ќе троши пари во ИКЕА)

АЧС – Анализа на Човековото Секојдневие

ДПП – Дефинирање на Потреби и Проблеми

РПП – Решенија за Потребите и Проблемите  кои што воедно ќе понудат и ново искуство

П – Профит

Дозволи да објаснам.

Најголем сон (и бизнис екстаза) на секој сопственик на бизнис е купувачите секој ден да му доаѓаат во дуќан. (во online светот ова би било да ти доаѓаат на веб страната)

Ikea 1

ИКЕА го прави тоа со сите нишани:

ИКЕА решиле дека нивниот таргет се млади семејства со мали деца, двајцата се вработени со многу обврски во текот на денот, сакаат да постигнат прилично работи, но имаат проблем сето тоа да го спакуваат во 24 часа. – Правилно Дефиниран Таргет (ПДТ)

ИКЕА прилично посветиле време да навлезат во однесувањето и секојдневието на овие млади семејства. Како им поминува денот и што прават за викенди. Што сака жената и што му е важно на сопругот. Што им недостига во секојдневието.  – Анализа на Човековото Секојдневие (АЧС)

ИКЕА утврдиле, освен шопинг потребите на нивниот таргет што друго им е проблем, потреба и предизвик. Дефинирање на Потреби и Проблеми –  ДПП

Од она што можам јас да го издвојам набљудувајќи од страна еве на што се сведува:

– Младите семејства сакаат да се хранат со готвена и ефтина, но квалитетна и вкусна храна;

– Младите семејства сакаат малку да се ослободат од нивните деца т.е. да бидат блиску до нив, но друг да се грижи за нив;

– Младите семејства сакаат да трошат пари, но сакаат добра зделка т.е. да добијат повеќе за своите пари;

– Младите семејства сакаат “сè во едно“ решение;

ИКЕА решиле освен за потребата: “Ми треба нешто ново за во домот“ да ги таргетираат другите потреби на човекот.

Ако  се навратам на “бизнис екстазата“ од погоре т.е. како да направиш твојот таргет секој ден да се враќа во твојот дуќан, одговорот, според формулата и моделот на ИКЕА е:

Понуди решение за неговите секојдневни потреби.

Односно…

Еве како ИКЕА го спакувале тоа во Решение за Потребите и Проблемите – РПП:

Маркетинг Момент 1: Доаѓаш на паркинг и на паркингот има мини билборди (преку едно место) на кое што се рекламира понуда или храна.

Маркетинг Момент 2: На влезот имаш мини билборд кој вели дека секој ден има бесплатно кафе измеѓу 10 и 11ч.

Маркетинг Момент 3: Пред да започнеш да се качуваш по скалите имаш изложени продукти кои имаат прилично ниска/прмотивна цена.

Маркетинг Момент 4: Се качуваш на ниво 1 и од лева страна имаш детска градинка/игротека каде што родителите си ги оставаат децата. Таму има негувателки кои што се грижат за нив.

Маркетинг Момент 5: Пред да се качиш на ескалаторот стои девојка со големи брендирани ИКЕА торби во рацете со цел да ти подаде една на качување.

Маркетинг Момент 6: Додека си на ексалаторот започнуваш да чуствуваш миризба на готвена храна.

Маркетинг Момент 7: Пристигнуваш на почетното ниво. Веднаш забележуваш од лева страна многу луѓе што ти наликува на некаков собир. ИКЕА итро има поставено сопствен ресторан кој функционира на база self service.

Можеш да си одбереш храна која е вкусна и евтина.  Откако ќе ја купиш, храната можеш да ја консумираш во неколку секции т.е. на семејни округли маси, високи маси, сепаре двоседи, мини масички итн. Местото е преполно со семејства, групи на пријатели кои што доаѓаат организирано да јадат на ова место.

Маркетинг Момент 8: Има неограничени количини на кока кола (и другите сокови) како и кафе – откако ќе платиш за првата чаша. Ова инстантно создава чуство на добивање повеќе за помалку.

Маркетинг Момент 9: Се што користиш во моментот на консумирање на храната, од тоа каде седиш, на каква маса јадеш до каков прибор користиш се продукти на ИКЕА т.е. се продаваат и можеш да ги купиш подоцна кога ќе започнеш со шопинг турата. (Психолошки, со тоа што ги користиш ти си потоа подготвен и да ги купиш, бидејќи веќе си се поврзал со нив т.е. си ги користел.)

Маркетинг Момент 10: Имаш бесплатен Wi-Fi интернет .

Сума сумарум, откако дојдеш таму, го нахраниш семејството или пријателите за малку пари (а квалитетно), некој ти се грижи за децата, можеш да си купиш неколку работи кои што се на попуст и да поминеш 2-3 часа во нивните простории…следниот викенд ќе сакаш пак. Ако не ти, децата ќе те натераат. 🙂

www.jocotodorovski.com

За крај…

Еве што јас имам украдено од ИКЕА Маркетинг Формулата:

  1. Нема врска што продаваш, важно е каков контекст ќе направиш и средина за твојот продукт/услуга да биде купен/а.
  2. Убаво проанализирај го твојот таргет. Ако сакаш секој ден да доаѓаат треба да им дадеш причина т.е. да им задоволиш секојдневна потреба или да им решиш секојдневен проблем. Која е секојдневната потреба на твојот таргет што ти можеш да ја задоволиш?
  3. Давај, давај, давај, давај па потоа продавај! – ( Доаѓаш на влезот и ИКЕА ти вели утре во 10 ако дојдеш има бесплатно кафе, влегуваш и ти вика еј еве ти попуст за овие работи, се качуваш по ескалаторот и вика: Еј остави ги децата тука ние ќе ти ги чуваме ти оди горе и релаксирај се, на ескалаторот девојка ти подава торба, горе во ресторанот имаш колку сакаш кока кола и кафе плус други бонуси како Wi-Fi и кечапи, мајонези, сенф и други сосови  all you can eat… – подсвесно од ИКЕА до оваа точка, пред да одиш на шопинг си добил неколку пати повеќе од она што си платил што според Dr. Robert Cialdini е директна активација на “чуство за РЕЦИПРОЦИТЕТ“ – т.е. кога ќе одиш на шопинг подоцна има голема веројатност дека ќе купиш повеќе)
  4. Прошири го твоето влијание. Креирај доживување за твојот клиент и активирај ги сите негови сетила.

Што би употребил/а ти?

Секое добро и фала ти што стигна до тука! 🙂

Јоцо

Joco Todorovski

п.с. Незгодата што се случи поврзана со фактот дека ми дадоа “летечка камиказа“ чаша за кафе. Штом ја ставив на масата реши да се самоубие. Сакајќи да ја спречам, уште толку и дадов сила да се скрши и да ми ја расече раката. 50 грама месо сигурно ми нема од прстите ама ќе преживеам 🙂 (бруката и погледите од присутните беа бонус)

п.п.с Би ти бил МНОГУ благодарен доколку го испратиш овој пост на ЕДЕН твој пријател кој би можел да научи нешто од ова – што би допринело за подобрување на неговиот бизнис/работа.

Ти благодарам!

[VIDEO] Маркетинг Формула со ТРИ ПОЗНАТИ која ќе ги инспирира луѓето да КУПУВААТ!

video simon

Изминатиот период научив прилично многу за маркетинг и како навистина се создава и пренесува правата порака за твојот продукт/услуга, до правата публика или “таргет“ и преку правиот медиум.

Видеото подолу во 18 минути ја отсликува маркетинг формулата за тоа како се креира маркетинг порака која ги инспирира луѓето да купуваат од тебе  – што сметам дека може да промени многу работи кај тебе и твоите колеги.

Стариот начин на правење маркетинг:

Ајде да направиме продукт, ајде сега да направиме “ура“ и сите да купат, ајде сега да ги озрачиме со јавувања, радио реклами, билборди и флаери сите што не купиле….ако тоа не успее ајде сега со токмак да ги маваме по глава сите додека не купат.

Ова беше супер за времето кога нај упорните или оние со најмногу пари успеваа да продадат…но тогаш проклетите американци го измислија интернетот и сега веќе се смени играта…

Новиот начин на правење маркетинг

(не знам дали е нов, нов ама за целите на овој текст ќе го наречеме нов):

“Еј ние сме тим од млади ентузијасти кои што веруваат дека за да успее човек, потребно е да изгради навика за дисциплинираност.

Секој ден вложуваме многу часови разговарајќи со успешни бизнисмени, спортисти, актери, психолози и научници за да го изнајдеме најкраткиот начин преку којшто еден човек може да го користи денот максимално дисциплинирано и да ги оствари своите цели.

Поради оваа наша страст и “опсесија“ во изминативе 2 години и 8 месеци дојдовме до навистина значајни информации и направивме преку 3.000 експерименти со цел да го откриеме решението за оваа загатка. Првичните резултати се моделирани и “спакувани“ во секојдневна алатка која што сакавме да ја имаш секогаш при рака и буквално да се носи во џеб.

Те покануваме да ја преземеш нашата нова Мобилна Апликација ИМЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА која што ќе те направи дисциплиниран ГЕНЕРАЛ на успехот! Кликни на овој лин: (ЛИНК)“

(тотално измислено е претходното 🙂 т.е. само за илустративни намени )

Еве ја формулата со ТРИТЕ познати:

1. ЗОШТО
– Што е она што тебе и твоите колеги ве вади од кревет наутро? Зошто баш таа фирма, таа индустрија? (знам дека во МК е малку испревртено и дека сме сите материјалисти…ама верувам дека таму некаде длабоко има поента зошто работиш маркетинг во банка наместо во софтверска компанија)

2. КАКО

– Покажи како страста/пасијата што ја чуствуваш за твојот бизнис ја пренесуваш врз продуктите/услугите и како тоа кореспондира со она што јас го сакам како потенцијален клиент.

3. ШТО

– Што е тоа што во крајна сметка го продаваш? Сигурно не е кругло лепче со парче месо и кашкавал во него. Како ти го гледаш и како јас треба да го гледам твојот продукт?

Искористи го ова!

Кај мене носи резултати…